12/09/2026
🍕🍷 PIZZA & W**E EXPERIENCE
„Од тесто до пица, од лозје до чаша.“
Подгответе се за вечер во која нема само да гледате и дегустирате — туку и самите ќе станете дел од создавањето.
Искуството го започнуваме со ладни даски составени од различни сирења и сувомеснати деликатеси, придружени со дегустација на 3 внимателно избрани вина од винарија Банго.
Стојанче Мишков ќе ве запознае со вината, нивните карактеристики и начинот на правилно дегустирање.
Потоа, Виктор Стојанов — пицајоло и домаќин, и Игор Каспер Атанасов — мастер инструктор, заедно ќе ве внесат во светот на пицата преку интересен разговор и практична демонстрација.
Ќе дознаете повеќе за тестото, правилното отворање на пицата, изборот на состојките и печењето во плинските печки обезбедени од Хедра.
А потоа — вие сте пицајолото! 👨🍳
Секој учесник ќе добие можност сам да развлече тесто, да ја состави својата пица и да ја испече со наша помош.
🎟 Билет: 1.490 денари
📅 19.09.2026
🕕 Почеток: 18:00 часот
📍 Тераса на Pizza Spot
⏱ Времетраење: 2–2,5 часа
👥 Само 30 места
Во билетот се вклучени:
🍷 Дегустација на 3 вина од Банго
🧀 Ладна даска за мезење
🍕 Интерактивна презентација и демонстрација
🔥 Подготовка и печење на сопствена пица
✨ Едно поинакво гастрономско искуство
Резервации директно во Pizza Spot или на:
📞 070 317 826
Бројот на места е строго ограничен.