KafanChe

KafanChe Едно ново симпатично лабаво кафанЧЕ!
Сезонски јадења, а целогодишни пиења :)

29/04/2026

Првомајски суфлаки и оваа година!

Состав: Свински врат, наша маринада, двојна доза љубов и грч ладно пивце за баланс 🫶🏻

Се гледаме во дворче 🌻

16/04/2026

За во дворче освежуваме со пролетно мезе :)
Се гледаме утре 🫶🏻🌷

Чест и благодарност!
05/02/2026

Чест и благодарност!

"Што беше тоа што го имаа некогаш скопските ресторани, а го нема веќе? Слободата на движење, интимноста на моментот на дружење, тивка музика што нема потреба да биде на најјако за да не можат гостите да се слушнат еден со друг. Едноставна вкусна храна, мени со неколку јадења и искреност на масата и во чинијата се ексклузива. Без парадирање и продавање „шарена лажа“ наместо храна, тоа беше едноставен живот. Луѓето се опуштаа, се забавуваа, немаа потреба добро да се напијат за да им биде убаво, и најважното, немаше смартфони. Никој не сликаше трпези, а кафеанските фотографии беа фокусирани на луѓето, да се направат фотографии за спомен и долго сеќавање.

А „Езерце“? Беше убава градба и пријатно место. Имаше едно пијано на кое многу често ќе седнеше некој гостин и ќе отсвиреше нешто, додека некои други гости во бавчата играа монополи.

Човек што се забавува нема потреба тоа да му го покажува на светот што не го познава. Никој нема ни 1000 ни 5000 пријатели. Два тројца се тие што седат на масата и со кои се јаде, зашто не може со секого да се подели храната. Не е тоа површна работа, напротив. Да се подели оброкот, да се разговара за храната, да се помине време заедно. Тоа е забавно. Тоа е различно некогаш и сега. Таа отсутност од чинот. Човек во ресторан е како глумец на сцена изложен на погледи доброволно и за аплауз. Дефокусиран и од она што се зборува и од вкусот на она што го јаде. Како да го чека наредниот чекор и некоја нова возбуда во некој нареден момент.

Позитивните трендови во градот ги носат пекарниците и кафанчињата, нашата верзија на француското бистро: го почна кафетеријата „Дјуд“, го продолжија пекарницата „Пан Пан“, „Кафанче“ на Илинденска и пекарницата „Ориоло“. Умните потези на „Скуп“ со сладоледот во топол бриош, соработката на „Котур“ со „Мис Стон“, колку толку го обелуваат образот на скопската ресторанска сцена, заглавена во извесна неоправдана самодоверба на повеќе угостители."

Прочитајте го целиот текст на линкот во коментар.

PanPan Bakery & Bistro
The Dude Specialty Coffee
KafanChe
SCOOP Artisan Gelato
КОТУР

Носталгичен за по некое чешко мезе, Матеј на мени си ги додаде омилените вкусови од детството 🫶Па, од среда до петок про...
27/10/2025

Носталгичен за по некое чешко мезе, Матеј на мени си ги додаде омилените вкусови од детството 🫶
Па, од среда до петок пробуваме чешки класици.
И секако, чешко пивце :)

Првото од серијата гостувања  “Зорана ја превзима кујната во Кафан,Че”Оваа недела како почеток на еден нов проект кој шт...
21/10/2025

Првото од серијата гостувања
“Зорана ја превзима кујната во Кафан,Че”
Оваа недела како почеток на еден нов проект кој што вклучува наши драги пријатели кои со љубов се вклучени во гастрономијата почнуваме со првото гостување каде што ќе се претстави со неколку нејзини фаворити изведени до перфекција.
Значи, недела од 12.00 - 16.00h се дружиме со Матеј и Зорана со следново мени ♥️

Address

Bulevar Ilinden 38a
Skopje
1000

Opening Hours

Tuesday 08:00 - 00:00
Wednesday 08:00 - 00:00
Thursday 08:00 - 00:00
Friday 09:00 - 01:00
Saturday 09:00 - 01:00
Sunday 14:00 - 22:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when KafanChe posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category