Public Room

Public Room Место каде може да изнајмите соба и организирате настан; да уживате во coworking, вкусен оброк, стенд ап, изложба, бенд, диџеј, детска програма и многу повеќе!
(1347)

Место каде може да изнајмите соба и организирате настан;
да уживате во coworking, вкусен оброк, стенд ап, изложба, бенд, диџеј, детска програма и многу повеќе!

📣 Public Room ги повикува претставниците на креативните индустрии и култура во Македонија на кои им е потребен простор и...
25/09/2026

📣 Public Room ги повикува претставниците на креативните индустрии и култура во Македонија на кои им е потребен простор и поддршка за реализација на своите кретаивни проекти во 2027 година!

Како претставници на независната културна сцена ги повикуваме сите дизајнери, архитекти, ликовни уметници, музичари и музички групи, стенд ап комичари, театарски групи, занаетчии, организатори на настани и други да се пријават за поддршка за реализација на своите проекти во 2027 година.

Вид на проекти кои се добредојдени:
· Музички настапи
· Поетски читања
· Стенд ап комедија
· Изложби (дизајн, архитектура, ликовна уметност)
· Креативни работилници
· Саеми и базари
· Креативно кулинарство и слични иновативни проекти.

На основ на повикот кој следи од страна на Министерството за култура, на креативниот сектор потребна му е институционална поддршка. Истата ќе биде овозможена од страна на Public Room со цел што поголем број на програмски активности од назависната културна сцена бидат поддржани со простор, опрема и промоција.

✉️ Сите заинтересирани страни можат да се обратат за поддршка на
Email: [email protected]
SUBJECT: име и презиме на предлагач/ автор / група/ фирма
Во mail пораката испратете наведете:
· краток опис ( не повеќе од 100 зборови) за каков тип на настан сте заинтересирани,
· одговорно лице и контакт податоци,
· посакуван периодот на реализација,
· технички потреби.

Краен рок за пријавување, 15. октомври 2026 🗓️
Ве очекуваме! 📮

Повели на уште еден опуштен викенд во Public Room! 😎Уживај во нашиот нов, сочен Chicken Burger, со промотивна цена - 300...
24/09/2026

Повели на уште еден опуштен викенд во Public Room! 😎

Уживај во нашиот нов, сочен Chicken Burger, со промотивна цена - 300 денари! 🍔😋

Се гледаме на 50-та Дивизија бр. 22 🍺

Музичарот и композитор Михаил Парушев на 6 октомври во просторот на „Паблик рум“ во Скопје ќе одржи концертна промоција ...
23/09/2026

Музичарот и композитор Михаил Парушев на 6 октомври во просторот на „Паблик рум“ во Скопје ќе одржи концертна промоција на својот нов авторски проект насловен „Атер“. Програмата содржи осум композиции низ кои Парушев прави пресек на повеќе творечки етапи, претставувајќи нови верзии на стари теми заедно со материјал што досега не бил изведен пред публика.

Набавете ги вашите билети на tix.mk 🎫
ТРН.МК благодариме за објавата.

Тапанарот Михаил Парушев на 6 октомври во „Паблик рум“ го промовира новиот проект „Атер“ со осум композиции и настап во живо со Parussion Group.

Можеби ви личи дека рано го објавуваме овој пост, но до Нова Година жените имаат уште само 3 корекции на надградбата на ...
23/09/2026

Можеби ви личи дека рано го објавуваме овој пост, но до Нова Година жените имаат уште само 3 корекции на надградбата на нокти!!! И три „Не можам денес, имам добиено“ 😁

А Public Room отсекогаш е место за оние кои иновираат, планираат и гледаат чекор однапред! И дополнително, кај нас ќе најдете буквално сѐ што ви е потребно за добра забава, на едно место! 💃🏻

🗓️ Бидете брзи, резервирајте си го најдобриот датум за предновогодишната прослава на вашата компанија, и спијте мирно кога сите други ќе се нервираат 😉

☎️Побарајте нѐ на 078 250 554 и [email protected]

Повикот за изложувачи на базарот HANDICRAFTS by KIDS е наменет за сите креативни дечиња кои творат и сакаат да ги претст...
23/09/2026

Повикот за изложувачи на базарот HANDICRAFTS by KIDS е наменет за сите креативни дечиња кои творат и сакаат да ги претстават и продаваат своите дела на Skopje Design Week 2026, на 22. ноември 🧸

📅 Краен рок за пријавување: 5. октомври

👉 Погледнете ги сите отворени повици за овогодинешното издание на фестивалот за дизајн, дознајте за деталите и како да се пријавите на www.skopjedesignweek.com

23/09/2026
🥁На 6. октомври во Public Room придружете ни се на концертната промоција на најновиот проект на тапанарот Михаил Парушев...
23/09/2026

🥁На 6. октомври во Public Room придружете ни се на концертната промоција на најновиот проект на тапанарот Михаил Парушев, насловен „Атер“ 🎼

Ќе настапат Parussion group, во состав:
Александар Бошков на гитара,
Иван Иванов на флејта и саксофон,
Јован Цветковиќ на пијано,
Иван Бејков нас бас и
Михаил Парушев на тапани.

⌚️Почеток 21 часот.
🎫Билетите се достапни на tix.mk

🪪Потсетник: Во Public Room плаќањето се врши само со картичка, па нека ви биде при рака.

Се гледаме на концерт, на 50-та Дивизија бр.22 🙌

Индонезиски вкусови, есенско сонце и одлична атмосфера☀️🍂Вака изгледаше нашето гастрономско патување во Public Room изми...
21/09/2026

Индонезиски вкусови, есенско сонце и одлична атмосфера☀️🍂

Вака изгледаше нашето гастрономско патување во Public Room изминатава сабота 🇮🇩

📷 Погледнете како си поминавме и следете нè и понатаму за да откриете што вкусуваме следно! 🍽️

По успешниот настап на Edinburgh и Barcelona Fringe, како и повеќе од 100, главно распродадени настапи низ целиот свет, ...
21/09/2026

По успешниот настап на Edinburgh и Barcelona Fringe, како и повеќе од 100, главно распродадени настапи низ целиот свет, Halil со своето шоу „Homesick“ пристигнува и во Скопје!

Ако сакате stand-up кој е искрен, малку чуден, провокативен и без филтри – ова е шоу токму за вас!

Роден во Турција во доцните 80-ти, од татко Албанец имигрант и мајка со бугарско-турско потекло, Halil заминува во Европа следејќи ги стапките на своите предци – овојпат со соодветни документи и дозволи.
По десетгодишна кариера, која ја напушта поради burnout, тој презема пицерија во Амстердам, поминува низ тежок период на депресија за време на lockdown-ите, а своето искуство го претвора во комедија.
Од 2022 година е професионален комичар, а десет години живот во Европа силно го обликуваат неговиот хумор – како еден вид метафоричен мост помеѓу Истокот и Западот, исто како неговиот роден Истанбул.

Неговата комедија е препознаена од публиката ширум светот поради уникатниот стил, разоружувачката искреност и апсурдните приказни. Во својата работа Halil ја внесува чувствителноста на кловн – разигран, непредвидлив и емотивно отворен.

🎭 „Homesick“, неговото дебитантско едночасовно шоу, е искрено и бескомпромисно патување низ животот во странство, исполнето со остри забелешки, духовити приказни и мрачна политичка сатира.

Како еден од новите турски таленти на англиската comedy сцена, Halil зборува за кризата на идентитетот, познатата coffeeshop култура во Амстердам, средбите со холандски гуруа за време на психоделични ретрити и уште многу нешта.

Со својот deadpan хумор и бескомпромисен настап, Halil публиката ја носи на искрено, провокативно и, пред сè, смешно патување низ убавите и тешките страни на животот далеку од дома.

📍 Public Room
📅 4. октомври
🕘 20:00
🇬🇧 Јазик: англиски
⏱️ Траење: 75 минути
🎟️ Билетите се достапни на patronstage.com

https://patronstage.com/event/halil-caliskan-homesick-october-4-skopje-public-room/

Address

50 Divizija Br. 22
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 00:00
Tuesday 08:00 - 00:00
Wednesday 08:00 - 00:00
Thursday 08:00 - 00:00
Friday 08:00 - 01:00
Saturday 09:00 - 01:00
Sunday 09:00 - 00:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Public Room posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share