Oreov Lad

Oreov Lad Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Oreov Lad, Restaurant, Saraj, Skopje.

1870

На патот на караваните кои патувале со коњи од западна Македонија кон Скопје непосредно пред влезот на градот во Сарај постоел ан кој бил надалеку познат како “Сарајски ан”.Анот бил подигнат oд дедо Нестор пред 1870 година, а потоа го наследил и управувал Серафим.Подрумите на анот имале десетици илјади литри вино и две до три илјади литри ракија.
Во 1912 година кога турците се повлекуваат

од балканот,анот бил запален и скоро целосно уништен.Серафим бил принуден да избега за да го спаси својот живот.Кога се вратил анот бил ограбен, а во визбата сето вино и ракија било испуштено.Со помош на позајмици од пријатели,анот бил обновен.Повторно се развил и работел некаде до 1935 година.Kараваните постепено изумирале под притисок на помодерниот начин на трговија и транспорт. Дефинитивно со пуштање на железничката пруга Скопје – Кичево, анот престанува да работи.

1980

Во 1980 година Нестор Несторов цврсто решен го обновува ресторанот.Заедно со еден пријател ја адаптира и опремува куќата која била дел од познатиот “Сарајски ан” и на 2 август истата година го отвара ресторнот.
Бидејќи во дворот на ресторанот имало многу ореови дрвја ресторанот го добил името “Ореов лад”. Почетокот бил многу скромен , со неколку маси и неколку столици.

1980-2020 - 40 години постоење

Денес, со ресторанот раководат правнуците на дедо Нестор. Ресторанот е лоциран во западниот дел на Скопје, во спортско – рекреативниот центар Сарај.
Низ овие години правејќи креативни и иновативни измени, следејки ги потребите на новото време овој комплекс во себе содржи внатрешна сала со капацитет од 120 седишта, градина со 240 седишта, детско игралиште, сместувачки капацитети ‘’Конак Нестор’’ и паркинг места за сите гости.
Во зимо може да уживате во салата покрај каминот, а во лето зеленилото во градината,заедно со прекрасниот жубор на водопадот и опојниот мирис на многуте булки со опоен мирис ги разигруваат сите ваши сетила во комбинација со некој гурмански специјалитет кој се нуди.
Дел од специјалитетите во менито на ресторанот се стари македонски јадења,чиј рецепти се пренесувани со генерации,а дел се јадења кој ја достигнаа својата ‘’популарност’’ во поново време.Тука може да вкусите од добро познатите македонски вина и ракија кој оставаат траг по својот квалитет на Балканот и пошироко.
Веќе прераснат во голем ресторан , се организираат секаков вид на прослави: свадби, крштевки, родендени, мекици, работни состаноци, коктели , но тука можете да го исполните и вашето слободно време уживајки во семеен ручек или вечера или дружење со пријателите.
Нашиот тим Ви стои на располагање да ви помогне и поддржи да го направите својот избор и да ја исполните вашата замисла на вашата прослава за цветни аранжмани, балони, бели гулаби, свеќи, специјални светлосни ефекти,фото-студио,музика , како и при избор на менито.Се ова ќе допринесе да ги исполните вашите замисли за вашиот посебен ден.
За многумина , ова волшебно место во себе крие спомени , незаборавни мигови ,сеќавања , навраќаjќи ги во минатото и изнудувајќи воздишки при раскажување на убавите моменти од минатото.
Во потрага по се она што го бара новото време, како и негова реализација за создавање на нови спомени,а воедно зачувувајќи ги трагите од традицијата и спомените на ова место Ви посакуваме добредојде во нашиот ресторан.

Тимот на Ореов лад

Префинети вкусови од француската кујна, голтка врвно вино од  и музика за разигрување на сите сетила.Вечер создадена за ...
08/03/2026

Префинети вкусови од француската кујна, голтка врвно вино од и музика за разигрување на сите сетила.
Вечер создадена за уживање 🍷

𝒞𝒽𝓇𝒾𝓈𝓉𝓂𝒶𝓈 𝒾𝓈 𝒸𝑜𝓂𝒾𝓃𝑔 🎄💫
07/12/2025

𝒞𝒽𝓇𝒾𝓈𝓉𝓂𝒶𝓈 𝒾𝓈 𝒸𝑜𝓂𝒾𝓃𝑔 🎄💫

✨🍷Само неколку минути надвор од градот - а сепак еден свет подалеку од бучавата.🍷✨🍽️🍷Совршено бегство за вечери по работ...
23/11/2025

✨🍷Само неколку минути надвор од градот - а сепак еден свет подалеку од бучавата.🍷✨

🍽️🍷Совршено бегство за вечери по работа🍷✨

🎶Live vibes loading... Deja Vu Band🎶✨🍷Refined dining & Live music🎸 ✨📆22.11 /  20:30 📞075 658 375📍Oreov Lad
17/11/2025

🎶Live vibes loading... Deja Vu Band🎶

✨🍷Refined dining & Live music🎸 ✨

📆22.11 / 20:30

📞075 658 375

📍Oreov Lad

! ПРЕДНОВОГОДИШНА МУЗИЧКА АГЕНДА !Елегантна вечер со разновидна музика во живо, префинети мениja за храна и пиjалок и се...
13/11/2025

! ПРЕДНОВОГОДИШНА МУЗИЧКА АГЕНДА !

Елегантна вечер со разновидна музика во живо, префинети мениja за храна и пиjалок и секако празнична атмосфера.

Резервираjте ja вашата маса навреме, достапноста
е ограничена.

📞075 658 375

Идеално мезе за овој викенд.
05/10/2025

Идеално мезе за овој викенд.

Секогаш постои мал повод за совршена гурманска приказна и чаша добро вино 🍷
04/10/2025

Секогаш постои мал повод за совршена гурманска приказна и чаша добро вино 🍷

27/09/2025
Место за создавање нови спомени.Изостри ги сите сетила со најблиските на следната прослава, ручек или вечера.📞 075 658 3...
05/08/2025

Место за создавање нови спомени.
Изостри ги сите сетила со најблиските на следната прослава, ручек или вечера.
📞 075 658 375

Совршен момент за резервација на вашето следно летно доживување во нашата градина 🌿
01/08/2025

Совршен момент за резервација на вашето следно летно доживување во нашата градина 🌿

01/06/2025

Address

Saraj
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 22:00
Tuesday 10:00 - 22:00
Wednesday 10:00 - 22:00
Thursday 10:00 - 22:00
Friday 10:00 - 22:00
Saturday 10:00 - 22:00
Sunday 10:00 - 22:00

Telephone

+38970279790

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Oreov Lad posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Restaurant

Send a message to Oreov Lad:

Share

Category