SUGS "Lazar Tanev"

SUGS "Lazar Tanev" Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from SUGS "Lazar Tanev", Caterer, Илија Бојаџиев бр. 3, Skopje.
(1)

Средното училиште на Град Скопје ,,Лазар Танев” е најголемо средно стручно училиште во нашата земја кое образува, воспитува и продуцира кадар за потребите на угостителско-туристичката индустрија на Република Северна Македонија.

05/10/2026
🇦🇹🇩🇪🇨🇭🇲🇰 Денови на германскиот јазик во СУГС „Лазар Танев“ – СкопјеВо рамките на Деновите на германскиот јазик, во СУГС ...
03/10/2026

🇦🇹🇩🇪🇨🇭🇲🇰 Денови на германскиот јазик во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје

Во рамките на Деновите на германскиот јазик, во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје се реализираше посебна кулинарска средба, која ги поврза јазикот, културата и гастрономијата.

Нашите ученици имаа чест да бидат дел од ова прекрасно искуство и заедно со:

🇦🇹 Мартин Памер – амбасадор на Австрија
🇩🇪 Петра Дрекслер – амбасадорка на Германија
🇨🇭 Кристоф Зомер – амбасадор на Швајцарија

подготвуваа традиционални специјалитети од Австрија, Германија и Швајцарија. 👩‍🍳👨‍🍳

Посебна благодарност до нашите професори за нивната посветеност и ангажман во реализацијата на оваа активност.

За нашите ученици, средбата беше можност за практична работа, дружење и запознавање со кулинарските традиции на трите земји.

Deutsch verbindet! 🤝❤️

🇲🇰

100 години Зоолошка – 100 години иднина 🐾❤️„Од срце за Зоолошката градина“На добротворниот базар, учениците и наставници...
02/10/2026

100 години Зоолошка – 100 години иднина 🐾❤️
„Од срце за Зоолошката градина“

На добротворниот базар, учениците и наставниците од СУГС „Лазар Танев“ – Скопје со многу креативност, хуманост и љубов кон животните се вклучија во акцијата за собирање средства за Зоолошката градина.

Учениците, предводени од проф. Бојан Милев и проф. Дарко Миладиноски, покажаа дека со заеднички сили можеме да направиме добри дела. ❤️

Од срце благодариме на сите што беа дел од оваа хумана акција! 🐾

29/08/2026

📚 Почитувани ученици,

Новата учебна година започнува на 1 септември! 🎒

🕗 Учениците од I и II година започнуваат со настава во 08:00 часот.

🕤 Учениците од III и IV година започнуваат со настава во 09:30 часот.

Ви посакуваме среќен и успешен почеток на новата учебна година, исполнета со многу знаење, успеси и убави моменти! 🍀

СУГС „Лазар Танев“

💙 ЗАЕДНО ЗА ЛЕОН, ЗАЕДНО ЗА ИНКЛУЗИЈАТА!СУГС. „Лазар Танев“ – Скопје со задоволство даде поддршка на прекрасниот инклузи...
21/08/2026

💙 ЗАЕДНО ЗА ЛЕОН, ЗАЕДНО ЗА ИНКЛУЗИЈАТА!
СУГС. „Лазар Танев“ – Скопје со задоволство даде поддршка на прекрасниот инклузивен настан по повод роденденот на Леон. 💙
Во нашиот кабинет по пекарство, професорот Дејан Христовски, заедно со нашите ученици, подготвија пица за сите гости на роденденот.
Учениците, предводени од професорот Дарко Миладиноски, со своето присуство и ангажман беа дел од настанот и дадоа свој придонес кон оваа прекрасна инклузивна приказна.
Со ваквите активности покажуваме дека инклузијата, солидарноста и заедништвото се вредности што ги градиме заедно.
Среќен роденден, Леон! 🎂💙
СУГС „ЛАЗАР ТАНЕВ“ – СКОПЈЕ

28/07/2026

👔 За првпат, бесплатни униформи за сите ученици во прва година од средните училишта!

🎓 Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ.

🫵 Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици.

За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна училишна униформа.

✔️ Со оваа мерка ги намалуваме социјалните разлики, го олеснуваме финансискиот товар на семејствата и им овозможуваме на учениците целосно да се насочат кон она што е најважно - образованието, личниот развој и градењето на својата иднина.

Униформите ќе придонесат и за воспоставување еднаков и достоинствен кодекс на облекување, практика која со години се применува во голем број современи образовни системи.

✔️ Со низа конкретни мерки го претвораме училиштето во вистинска основа за знаење, успех и иден кариерен напредок.
Во средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, без разлика на економскиот статус на неговото семејство.

Затоа што вредноста на еден ученик не се мери според облеката што ја носи, туку според знаењето, карактерот и соништата што ги гради.

♥️ Влогот во најмладите е влог во иднината!

📢 ВТОР УПИСЕН РОК во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје!Остануваат уште слободни места за одредени образовни профили.Искористет...
21/06/2026

📢 ВТОР УПИСЕН РОК во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје!

Остануваат уште слободни места за одредени образовни профили.
Искористете ја можноста и изберете стручно образование кое нуди практични вештини, сигурно вработување и професија со иднина.

Донесете ја комплетната документација во училиштето, а ние ќе ви помогнеме со електронското пријавување.

Избери паметно. Избери професија. Избери сигурна иднина.
Запиши се – те очекуваме! 💙💛

#ЛазарТанев #ВторУписенРок #Уписи2026 #СтручноОбразование #ПрофесијаСоИднина #СигурноВработување

Address

Илија Бојаџиев бр. 3
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when SUGS "Lazar Tanev" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category