04/01/2026
Почитувани драги гости и пријатели,
Сакаме јасно и отворено да објасниме зошто сметаме дека децата под 16 години немаат место да престојуваат сами во кафичи, и зошто како угостителски објект сме должни да поставиме вакво правило.
Кафичите се простори наменети првенствено за возрасни лица, каде што се консумираат алкохолни пијалоци, често има гласна музика, пушење, како и атмосфера која не е соодветна за деца и малолетници. Иако некои родители сметаат дека нивното дете е „доволно зрело“, мора да се земе предвид дека 14-16 годишни деца сè уште се малолетни и под целосна одговорност на родителите.
Дополнително, како сопственици и вработени во кафичот, ние носиме морална и правна одговорност за сè што се случува во просторот. Не можеме и не сме должни да преземеме улога на чувари, воспитувачи или надзорници на малолетни лица. Во случај на инцидент, недоразбирање или проблем, одговорноста неправедно паѓа врз угостителскиот објект.
Исто така, праксата децата да се оставаат сами по кафичи со часови создава непријатни ситуации –
▪️ расправии меѓу гости
▪️ несоодветно однесување
▪️ притисок врз персоналот
▪️ и конфликти со други родители
Нашата намера не е да дискриминираме, туку да воспоставиме јасен куќен ред кој ќе важи за сите подеднакво. Сметаме дека местото на 14-16 годишни деца е со семејството, во училиште, на спортски активности или во безбедна средина, а не во кафичи без родителски надзор.
Затоа, донесовме одлука дека: Деца под 16 години не можат да престојуваат сами во кафичот, без присуство на родител или старател.
Ве молиме ова правило да го почитувате, бидејќи е донесено од одговорни причини и со цел да се зачува ред, безбедност и пријатна атмосфера за сите гости.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Кафе Бар Плато Амада