17/07/2025
Заедно со Duplo Specialty Coffee го носиме pop-up🫒кафето во Велес – за едно топло попладне исполнето со разговори, креативност и мирис на свежо кафе.
Очекувај опуштена, практична работилница каде ќе зборуваме за тоа што значи да се создава нешто свое, што се крие зад едно добро кафе – не само како се подготвува, туку и што значи да стоиш од другата страна на барот.
Без разлика дали си љубител на добро кафе, имаш слична бизнис идеја или едноставно сакаш да поминеш попладне во инспиративна атмосфера – оваа креативна работилница е за тебе.
📅 24.07
🕐 19:30
📍 Europe House Veles
📌 Пријави се: https://forms.gle/v1ZsRsNYnYy5Zdrx5