23/01/2023
Дечки,
Во Green House Spot ќе биде поставена кутија каде што ќе може да донирате за нашиот брат, другар, познаник, познат како Егеец.
Секој кој сака да донира сендвичарата работи секој ден (освен недела) од 10:00h, до 20:00h.
Игор Станишев во Септември 2022 доживува мозочен удар и со навремена интервенција се спречува поголема штета. Но, и покрај тоа оневозможено му е движењето со левите екстремитети. За побрзо опоравување потребна е интензивна терапија во клиника во Ниш која што чини 200 евра на ден, со што првичната проценка на медицинскиот тим е дека терапијата е потребно да трае 3 месеци. Со оглед на тоа што Игор е сопственик на мал бизнис кој што се базира на физичка работа, а во исто време е и единствен вработен, самиот не е во можност да ги покрие овие трошоци.
Затоа со рака на срце, ве замолуваме за било каква донација која што ќе биде од огромно значење.