19/07/2026
Денес е голем ден за нас! 🎂
5 ГОДИНИ HOLA CHOLA SWEETS 🍬
Пет години посветеност на секој детал. Пет години рачна изработка, бескомпромисен квалитет и желба секое наше колаче да биде повеќе од десерт… да биде дел од нечии најубави моменти.
✨ Од првиот ден до денес, нашата визија остана иста: да создаваме нешто што ќе се памети. А токму вашата доверба, препораките, секоја нарачка и секое повторно враќање ни покажуваат дека сме на вистинскиот пат.
Во изминативе пет години бевме дел од илјадници прослави, свадби, родендени, корпоративни настани и безброј искрени насмевки. Тоа е најголемото признание што еден бренд може да го добие.
Ви благодариме што растевте заедно со нас. На сите што нè избравте еднаш, но и на оние што повторно и повторно ни ја доверуваат својата најважна пригода.
А денес, симболично, наздравуваме покрај море…за секој изминат чекор, за секој успех и за сè што допрва нè очекува. 🌊
Ова е само почеток. Најубавите поглавја допрва ги пишуваме.
За првите пет… и за сите што следуваат. 🥂
Со љубов,
Hola Chola Sweets 🤍
www.holacholasweets.com