08/12/2020
ГО СЛАВИМЕ ДЕНОТ НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
📖 Св. Климент Охридски, ученикот на браќата Кирил и Методиј, кој ја продолжил нивната мисија за ширење на словенската писменост, каде и да шетал, најмногу сакал кога во Охрид се враќал.
🏰 Богатото археолошко наоѓалиште Плаошник дава слика токму за почетоците на христијанството и улогата на Охрид како центар на сесловенската писменост, каде што во 9. век Св. Климент ја основа Охридската книжевна школа, уште попозната како „Прв словенски универзитет“.
Свети Климент токму на ова место ја имал изградено својата црква, каде што самиот си го подготвил гробот кога го почувствувал бремето на годините и наближувањето на судниот час. Денес, на тоа место стои црквата „Свети Климент и Пантелејмон“, каде што почиваат моштите на светецот онаму каде што и првично биле положени во 916 година, годината на неговата смрт.
🌐 За Св. Климент, Плаошник, Охрид и за целиот регион, постете го нашиот „сè во едно“ туристички водич: www.lakes.mk