02/09/2023
Почитувани пријатели, наши верни клиенти кои во изминатите 16 години секојдневно не посетувавте и бевте дел од нашето семејство.
Дојде денот кога нашето дведецениско патување и дружење со вас привршува и сакаме да споделиме дека денеска е последниот ден од нашата богата историја со многу дружби, убави моменти, нервозни денови, но секако дека ни беше големо задоволство да ви служиме и да го држиме истиот квалитет како и првиот ден.
Тука завршува двецениската приказна, истовремено сакаме да се извиниме на сите наши пријатели за сторените ненамерни грешки.
Тимот на ПИЦЕРИЈА РОМА ви посакува здравје, многу среќа и љубов, се надеваме дека ќе се сретнеме повторно со следни предизвици.
💙💙💙