17/07/2026
Апел до сите жители на маалото:
Овај проблем е по сите улици од Прилепска,Винковачка,Будва,Железничка,КралМарко и тн. Со сите нивни споредни уличина.
Да покажеме повеќе почит и одговорност кон соседите. Скоро сите имате можност да обезбедете паркинг простор за вашите возила во сопствениот двор, ЗНАЧИ ЌЕ СИ ГИ ОТВОРИТЕ ОГРАДИТЕ И ЌЕ СИ ГО СКРАТИТЕ ТРЕВНИКОТ ИЛИ БАВЧАТА и ќе си ги паркирате тука наместо да ги паркирате по улиците. Улиците се јавен простор и треба да останат слободни за непречено одвивање на сообраќајот, а не да се узурпираат. Со тоа ќе се намалат гужвите, нервозите, недоразбирањата и непотребните караници меѓу соседите. Заедно можеме да придонесеме за поуредено и побезбедно маало.