13/06/2026
Епа друштво, помина точно една година откако згасна едно место кое беше срцето на нашиот ноќен живот цели 35 години. Една година без „Парис“, една година без препознатливата летна тераса која беше полна со живот, со цвеќиња и со луѓе кои знаеја да уживаат. Искрено се надеваме дека Миравци пак ќе се врати на својот непокорлив и бохемиски идентитет.
До тогаш, ве поздравуваме со мал колаж од нашите дружби. Денес, после повеќе од три децении останаа многу спомени. Ни недостига таа енергија, ни недостига дружењето и тој препознатлив дух што замина заедно со клубот. Ни недостигате ВИЕ💙