Restaurant&Bar MK

Restaurant&Bar MK Специјализирана страна за угостителство.

Целта на “Restaurant&Bar MK„ е да придонесе до подобрување на стандардите во областа на угостителството во Македонија, да им овозможи на угостителите база од податоци на професионално работење и однесување како и подигање на културата на социјалното живеење.

Изреволтирани од тоа што гледаме дека секојдневно така наречените “угостители“ во Македонија од ден на ден се повеќе допринесуваат до распаѓ

ање на угостителството со тоа што земаат непрофесионални кадри на кои им даваат должност како бармени, баристи, келнери како и шефови и менаџери, како ги добиваме катастрофалните резултати од типот на тоа што...белото вино се служи во чаши за шампањ...црвеното вино го добиваме ладно односно стојано во ладилник...еден исти прибор за јадење добиваме за предјадење, главно јадење и десерт...кога ќе прашаме предлог вино добиваме одговор од пушка испукан и гласи “она најскапото“...нормативите кои ги читаме во мени картата и она што го добиваме во порција се сосема различни поими...за коктел знаеме главно за џин тоник, доколку имаме избор од повеќе и нарачаме некој трет ќе го добиеме онака како што си сакал шанкерот по негов рецепт...така наречени елитни ресторани ја немат комплетната задоволувачка опрема во санитарните простории, понатаму да не тргнуваме...барменство, келнерство. никој не ги сваќа како професии...персоналот во угостителските објекти се ортаци со своите газди во распределување на прометот бидејки имаме константно крадење од нивна страна...угостителите не проочувајки го законот во целост доваѓаат во судари со инспекциските служби по што следуват големи парични казни и затварање на локали, тоа колку е срамно за самите угостители толку е и срамно за самиот инспекторат, впрочем дозволата за работа е добиена токму од нив...сите имаат проекти и програми за успешна работа и врв на угостителството, нудат одличен квалитет, одлична услуга но од тоа на дело ништо не гледаме...овде ќе застанам, сите ќе се согласиме дека ова е само еден мал дел негативи поради кои угостителтвото во Македонија е на крајно слаба линија...

Оваа фан страна е наменета исклучиво са содржини и информации на „Restaurant&Bar MK“ (со ова име е именувана само фан страната и не постои друга правна или физичка институција која го носи ова име или е цел за негова промоција или реклама) и не одговара за поставените содржини од страна на фановите на страната. Коментарите, мислењата како и сите материјали, но и оние содржини со навредлив карактер кои ги поставуваат фановите на Facebook фан страницата на “Restaurant&Bar MK„ го застапуваат само личното мислење на поединците, а по никој основ ставот на компанијата, и според тоа, тие поединци се одговорни за поставувањето на горенаведените содржини.
“Restaurant&Bar MK„ го задржува полното право без претходно известување да го отстрани оној материјал од Facebook фан страницата на “Restaurant&Bar MK„ кој ќе го оцени за навредлив за фановите на страницата на било кој начин (врз основа на пол, раса, економски статус или пак политичка определба).

MARTINI ROSATOЛуиџи Роси го создал овој вермут како резултат од мешавина на црвено и бело вино, зачинето со каранфилче, ...
30/03/2015

MARTINI ROSATO
Луиџи Роси го создал овој вермут како резултат од мешавина на црвено и бело вино, зачинето со каранфилче, морско оревче и цимет.
Начин на сервирање: Во голема винска чаша се полни со мраз до врвот (ни помалку ни повеќе), се додават 50мл martini rosato и 50мл martini prosecco, се промешува нежно, се декорира со парче (клин) од портокал.

MARTINI BIANCOСамото име ни кажува дека се работи за бело мартини. Во неговиот вкус можат да се насетат меките тонови на...
30/03/2015

MARTINI BIANCO
Самото име ни кажува дека се работи за бело мартини. Во неговиот вкус можат да се насетат меките тонови на ванила и остриот вкус на грозје од сортата Glera.
Негово правилно сервирање е: Во голема винска чаша се ставаат две три коцки мраз, се додава 75мл martini bianco и 75мл martini prosecco (пенливо вино), нежно се промешува, се декорира со парче (клин) лајм и три листа од нане.

На барање на наш фан ќе позборуваме малку околу “мартини„ односно “вермут„. Многумина незнаат односно го мешаат поимот м...
30/03/2015

На барање на наш фан ќе позборуваме малку околу “мартини„ односно “вермут„. Многумина незнаат односно го мешаат поимот мартини и вермут, речиси уверени се дека она што го консумираат е мартини, и секако многу грешат. Мартини е бренд на пијалоци од групата на вермут. Вермут е всушност ароматизирано вино зачинето со ароми на различни видови растенија, корени, цвекиња, семиња, билки како и зачини. Во 18 век вермутот наоѓа своја примена во медицината, додека своето место како пијалок низ баровите го завзема кон крајот на 19 век. Вермутот спаѓа во групата на аперативи, тој исто така се применува и во доста коктели како и при готвење. Има два типа на вермут, слатко и суво.
Како крал на вермутот се смета компанијата односно брендот “МАРТИНИ„, Всушност, во 1863 година, во Торино, Алесандро Мартини (успешен италијанси претприемач со глобална визија) и Луиџи Роси (ботаничар) како резултат на италијанската култура го креираат вермутот за негова примена низ баровите. Тие најпрвин создале три типа на вермут, Bianco, Rosato i Rosso, за да во поново време како вермут од компанијата Martini го добиеме и Extra Dry.

Во понатамошни наши статии ќе позборуваме поопширно околу сите четири вида (правилно сервирање, примена како и консумација).

30/03/2015

Нивниот свет е сосема поразличен од вашиот и затоа само тие можат да ги разберат овие работи.

Поус кафе чашаСе користи за коктели чии состојки се сипуваат по слоеви.
03/03/2015

Поус кафе чаша
Се користи за коктели чии состојки се сипуваат по слоеви.

Парфеит чашаСе користи за коктели со сладолед и свежо овошје (милк шејк, фрапе и сл.).
03/03/2015

Парфеит чаша
Се користи за коктели со сладолед и свежо овошје (милк шејк, фрапе и сл.).

Чаша за Ирско кафеСе користи за ирско кафе, топло чоколадо и коктели со кафе.
03/03/2015

Чаша за Ирско кафе
Се користи за ирско кафе, топло чоколадо и коктели со кафе.

Колинс чашаСе користи за пијалоци кои неможат да се соберат во олд фешн чаша и за колинс коктели.
03/03/2015

Колинс чаша
Се користи за пијалоци кои неможат да се соберат во олд фешн чаша и за колинс коктели.

Коктел, мартини чашаСе користи за служење на разни видови на коктели и за сите Мартини коктели.
03/03/2015

Коктел, мартини чаша
Се користи за служење на разни видови на коктели и за сите Мартини коктели.

Кордиал чашаНајчесто се користи за густи ликер.
03/03/2015

Кордиал чаша
Најчесто се користи за густи ликер.

Бренди снифтер, балон чашаСе користи за бренди пијалоци и некои коктели со бренди.
03/03/2015

Бренди снифтер, балон чаша
Се користи за бренди пијалоци и некои коктели со бренди.

Соур чашаКако што самото име ни кажува се користи за соур коктели.
24/02/2015

Соур чаша
Како што самото име ни кажува се користи за соур коктели.

Address

Kocani
2300

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Restaurant&Bar MK posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category