01/11/2025
Секој патник има своја приказна, а ние ова лето имавме можност да бедеме дел од нивните. 🍀
JuMi On The Highway во склоп на бензинската GULF беше повеќе од локација – беше искуство, запознавање, илјадници кафе паузи и уште повеќе задоволни лица.
Голема благодарност до целиот тим на GULF, за довербата и можноста. Голема благодарност до сите што застанаа, споделија убав збор и ни дадоа причина да веруваме дека правиме нешто добро. 🙌
Но, посебна благодарност упатуваме и до нашиот JuMi тим, кои стоеја зад секоја нарачка подготвена со многу љубов, секој насмевнат клиент. Без вас, ова не би било исто. 💚
Се надеваме дека задоволството беше взаемно и дека следната сезона повторно ќе нè сретнете таму каде што патот и вкусот се спојуваат.
До тогаш, JuMi останува со истата мисија, истиот квалитет и уште повеќе идеи за следната сезона.
Ви благодариме 🫶