Ќе имате можност вкусната храна да ја искомбинирате со црно вино и домашна ракија. На располагање имате шведска маса - сукана пита со сирење, спанаќ и јаболка, салата: шопска, селска и мешана, домашен леб, тавче гравче, сарма, домашна македонска тава, пинџур, полнети пиперки...
Храната се подготвува традиционално во фурна на дрва и под вршник.
Ракијата и виното се со врвен квалитет произведени во
подрумот на Ethno House.
За комплексот
Ethno House e комплекс сместен на ридот помеѓу прекрасното село Челопек и Брвеница, Тетовско, и е уреден во автентичен етно стил. Совршено место за сите оние кои сакаат да уживаат во мирен и опуштен престој, изолирани од градското секојдневие и проблемите, Ethno House е рајот на мирот и спокојството, релаксирачко задоволство кое секој би сакал да го доживее.
Куќата се наоѓа во македонскиот дел од селото, на брезината под црквата Св. Богородица (50m) и во близина на стариот христијански храм од 14от век црква Св. Никола кој е оддалечен 150м од куќата. На само 10 метри од куќата е старата изворска чешма. Црквите се отворени за посетители секој ден. Ethno House располага со 4 соби опремени со купатило и 1 луксузен простран апартман со големо купатило со џакузи. Комплексот е опремен со фурна, визба, чардак со прекрасен поглед на Шар Планина, простран и убаво уреден двор, а на располагање за сите љубители на музиката и добрата забава има караоке опрема и клавир.
Доколку сакате да ја закупите целата куќа на располагање, потребни ви се 5 купони. Ethno House е одлично место за опуштање со пријателите и семејството, како и за деловни патувања, совршено место за тим билдинг активности, будење на инспирација и креативност.
Од дворот имате прекрасен поглед на падините на Шар Планина, глетка која го одзема здивот, а ве облева со восхит и спокојство. Во склоп на Ethno House има богата визба која изобилува со квалитетно домашно вино и ракија.
Секој детал на овој преубав комплекс го отсликува македонското секојдневие во минатото... низ мебелот, ентериерот, ѕидовите, декорот .... дише традицијата и минатото, ова место е одлика на сето она што го отсликува битието на македонскиот народ.
Иако комплексот е изграден во етно стил, сепак во него се интегрирани сите благодети од модерното време, на располагање ви стојат сите удобности потребни за да уживате за време на престојот, како што е апартманот опремен со џакузи.
Во текот на престојот во Ethno House ќе имате можност да уживате во традиционална македонска домашна кујна. Комплексот располага со фурна и сач, каде ќе ви бидат приготвени највкусните домашни јадења кои некогаш сте имале можност да ги пробате. Храната која се служи во Etno House е домашна: домашен леб, домашно сирење, домашни јајца, домашно вино и ракија.
Легендата за Челопек
Името на село Челопек на Македонски етимолошки означува "Место каде што сонцето секогаш го удира твоето чело" заради тоа што селото е секогаш изложено на сонце. Село Челопек датира уште од раната антика.
Во селото се пронајдени Антички Македонски керамички садови и остатоци кои датираат од 7 век п.н.е. Жителите Албанци (Арнаути) се доселуваат во селото од Гургурница и од Седларево уште во Отоманскиот период по налог на пашата за контрола на христијанското македонско население кое живеело таму.
Црквата СВ.Никола датира уште од 14 век. Легендата вели дека во селото постоела прекрасна Македонка која се нарекувала Евридика и во која се заљубил турскиот паша. Селаните не му дозволувале да ја земе за жена, но се согласиле тој да ја земе доколку им изгради Црква. Тој на селаните им дал едно руво од вол и им наредил да ја изградат црквата онолку колку што може да го оптегнат рувото.
Паметните селани, рувото го исекле на повеќе парчиња и го распределиле на поголема територија и така кога пашата видел дека селаните биле попаметни од него, им дозволил да ја изградат црквата колкава што сакаат.
Кога Евридика отишла во домот на турчинот, таа го убила, и неговиот гроб сеуште постои на турските гробишта во селото.