05/10/2022
💙🌲💙
Ski Centar Kopanki-Pelister
Бидејки ни претстои нова скијачка сезона, а Ski Centar Kopanki-Pelister не е подготвен за истата, на почетокот на оваа недела ПОИНАКУ испрати официјално барање до ELEM TURS и Psk Pelister Bitola за информации околу плановите за функционирањето на ски центарот во сезоната 2022/2023.
Во рекордно време добивме известување од ПСК Пелистер, а денес 5ти Октомври 2022 и од Елем Турс во кои се вели дека е постигнат нов договор, со кој Елем Турс се обврзува на неколку важни работи за нас како битолчани а воедно и корисници на ски центарот:
- Договорот е склучен со важност од 10 години.
- АД ЕСМ Скопје преку својата фирма-ќерка ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје во иднина планира да инвестира и да го одржува Ски -
центарот Копанки.
Планираните инвестиции се:
- Поставување на затезно и влечно јаже (сајлата на ски лифтот)
- Осветлување на ски-патеките за ноќно скијање
- Изградба на јавни тоалети
- Сигнализација на патеки
- Нов систем за ски-билети
- Обезбедување на снеготапкач - ратрак
- Замена на корпите на жичарата
- Оваа скијачка сезона ќе бидат во функција ски-лифтот и жичарата.
Ја поздравуваме продолжената соработка во интерес на Битола и битолчани иако не сме во предизборие, како и претходната година, повторно ги повикуваме:
- Psk Pelister Bitola, ELEM TURS, АД ЕСМ, Хотел Молика Пелистер/Hotel Molika Pelister, Hot Box - Kopanki
- Сите политички субјекти од Општина Битола, СДСМ Битола, ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола, Левица - Битола, LDP Bitola-ЛДП Битола, Dom Bitola, BDI Manastir, и останати...
- Јавните претпријатија од Битола: КЈП Нискоградба-Битола, Ј.П Комуналец Битола, ЈКП Водовод Битола "JKP Vodovod Bitola"
- Сите планинари, здруженија, ски клубови и поединци
Во Недела 9ти Октомври од 10 часот - ЧИСТЕЊЕ на стазата КОПАНКИ.
Со себе понесете алат и заштитна опрема.
Се гледаме на КОПАНКИ !!!