04/09/2014
Јадењето, храната во Јапонија се смета за света, за подарок од небо, а преку неа младите треба да научат материјалниот свет да го претворат во духовен, толку е инспиративна по вкус. Не знам дали има дебели Јапонци, ама тие дневно внесуваат 1.200 калории, што во превод значи двапати помалку од она што го нуди европската кујна. Кога просечен Европеец би го применувал нивниот начин на исхрана, велат би бил полесен за 3-5 килограми месечно! Примамливо. Но, што е „штосот“ со сушито?
Суши, поедноставено кажано, е ролат, а за постапката добив објаснување - се витка во алга, наречена нори, што е вистинско чудо, ем здрава ем не дебели. Тие, верувале или не, се без калории, а со минерали. Потоа се става оризот, па филот кој може да е - рибен, зеленчуков, авокадо...
- за промена да нема динствување и клокотење, тешки миризби, запршки од брашно и атаци врз стомакот.
Приказна на некој зен-учител - за моментот, сега и тука. Го прашале - прави ли некаков напор за да дојде до вистина.
„Да“, одговорил тој. „Кога сум гладен, јадам, а кога сум уморен, спијам“. „Така прават сите“, одговориле учениците. „Не“, им реплицирал тој. „Луѓето кога јадат, не јадат, туку мислат на разни други работи. Тоа вознемирува. Животот, сега, е како церемонија“.
Така и јас го јадам сушито - лесно е, вкусно и инспиративно. Најаден си, а не се чувствуваш тежок.