La Pasta Tina

La Pasta Tina Производсто на домашни кори (јуфки), изработуваме по по

ДОМАШНИ КОРИ-ЈУФКИ

Домашните кори за варење-јуфки се вид тестенини приготвени во домашни услови од брашно, млеко, јајца,сол и масло.
Поради својата хранлива вредност и долгиот рок на употреба, во Македонија историски и традиционално се произведувале скоро во секое семејство и складирале за зимница за преку целата година.
Домашните кори-јуфки се приготвуваат како оброк брзо,лесно и квалит

етно . Се готват наједноставно само со варење, печење, или комбинирано варење и печење.На наједноставен начин можете да приготвите бурек, пица, лазањи,варива и слично.
Еве неколку рецепти:
1.Варени домашни кори (јуфки)
на наједноставен начин
(домашен рецепт)

Потребно: 4OO гр. јуфки; сол; масло; млеко; маргарин; сирење
или кечап.
Приготвување: Во две литри зовриена вода се става едно до две лажичиња сол, една супена лажица масло, едно филџанче млеко и корите, и се вари 15 до 2O минути. Откако се готови, вишокот вода се цеди, му се додава парче маргарин со кој се промешуваат додека се топли да се стопи маргаринот и се служат. По желба може да му се додаде и сирење,или кечап,или гулаш, рендан кашкавал, пармезан и слично,
или
Наједноставно:
Ги спуштате во зовриена и посолена вода и потивко ги варите 10 до 15 минути.Ако остане многу вода ја процедувате, а ако е малку со оладувањето корите ја упиваат.Додека се топли им додавате парче маргарин и ги промешувате.Млаки се служат без никакви други додатоци.Но по желба можете да им додадете сирење, или кечап,или пармезан, сосови и сл



2. Бурек со домашни кори (јуфки)
и шунка
(рецепт од списанието храна и вино)



Поребно: 4OO до 5OO гр. кори, 15O гр. шунка, 3 јајца, 15O гр. кашкавал, 7OO мл. млеко, 1 прашок за пециво, масло за јадење, сол и црн пипер.


Приготвување: Во тенџере на оган со зовриена и посолена вода во која сме додале масло за јадење ги ставаме корите да се варат. На покрупната страна од рендето ги рендаме кашкавалот и шунката во посебен сад .Сварените кори ги истураме во цедалка и ги плакниме со студена вода. Во намрсен огноотпрен сад ставаме половина од корите, ги попрскуваме со масло за јадење, го ставаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме на 2OO степени додека корите не се запечат.
Во поголем длабок сад ги ставаме прашокот за печиво, трите јајца и млекото и мешаме со жица за матење. Посолуваме. Го вадиме огноотпорниот сад од рерна и врз запечените кори ја ставаме изренданата шунка. Врз шунката го нанесуваме ренданиот кашкавал, Потоа во садот ги нанесуваме и преостанатите кори. Го враќаме садот во рерна за корите да се запечат.Повторно го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Со црпалка корите ги преливаме со изматените јајца и со млекото. Го враќаме огноотпорниот сад во рерна и печеме уште триесеттина минути на истата температура.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата.. На секој лист зелена салата ставаме по едно парче бурек со кори. По три круга домат ставаме на двете страни на чинијата за сервирање. Парчињата бурек ги декорираме со кечап. Декорацијата ја завршуваме со гранче магденос на средината на чинијата. Ги служиме малку подизладени.



3.Пица бурек од кори“
(рецепт од„мои рецепти“)

Потребно:500мл Вода,500гр кори,1лажица сол,200гр сирење,100гр печурки,150-200гр шунка


Во намрсено плекче бр.30 се стават корите(јуфки) и се стават во загреана рерна на 200 степени да се печат се додека корите не поруменат со повремено мешање. Одкако ке добијат златеста боја се додава сецкана шунка, сирње и печурките. Се промешува и се враќа повторно во рерна 1-2 мин. да се потпечат.
Предходно во длабок сад се загрева 500мл. вода со 1лажица сол и 1лажица масло за јадење.
Потпечените кори се поливат со завриената вода и се враќат повторно во рерна и се печат се додека водата не изврие.
Се служат топли со чаша јогурт.


4.Кори со пилешко
(рецепт од„мои рецепти“)

Потребно:
1. 200гр пилешки стек
2. 200гр домашни кори (јуфки)
3. 1 зелена пиперка
4. 1 кромид
5. 1 лажиче зачин,сол и црн бибер
Прво го сечкаме месото на парчиња и го ставаме малку да се обари. Кромидот и пиперката ги сецкаме и ги ставаме во тенџере со загреано масло да се запржат.
Го додаваме и месото да се запржи. Потоа додаваме околу 300мл вода и ги додаваме и корите (или јуфки, не знам кој како ги вика, ние кори ги викаме ). Зачинуваме и оставаме да се вари се додека водата не изврие. Врз нив може ситно да исецкате парчиња домат.

КАЈ МЕНЕ МОЖЕТЕ ДА ПОРАЧАТЕ ДОМАШНИ КОРИ
(за варење ЈУФКИ)
-СО МОЈ МАТЕРИЈАЛ= 500 ДЕНАРИ И ВАША АДРЕСА, ГИ ДОСТАВУВАМ ДО ДОМА(ОДДАЛЕЧЕНОСТ 2-3 КМ)
(добивате 3 кгр до 3,400 кгр изработени и спаковани кори).
-СО ВАШ МАТЕРИЈАЛ=3 КГР БРАШНО, 20 ЈАЈЦА, 1 ЛИТАР МЛЕКО, ВРЕЌА ЗА ПАКОВАЊЕ И 150 ДЕНАРИ
(масло,сол по договор),ДОСТАВЕНИ КАЈ МЕНЕ И ЗЕМЕНИ ОД КАЈ МЕНЕ, ИЛИ, ОД МЕСТО ДОГОВОРЕНО МЕЃУСЕБНО (добивате над 3 кгр кори во зависност од доставениот материјал).
Тел.+ 047 256-970
078 462 001
075 367 754

-Речиси секоја сабота во времето од 10 до 14 часот примерок(за да ги пробате) од домашните кори (јуфки) можете да ги купите во НОВИОТ ПАЗАР на тезгата од страната на ул.В.Карангелевски од спротива на дуќаните за јајца „Златец“ и „Бели Мост“,а понекогаш и другите денови 1 час пред стемнување на истото место,
и
-Скоро секоја недела од 11 до 13 часот во СТАРИОТ ПАЗАР на тезгата од спротива на КАМ-МАРКЕТОТ,

Ниту еден семеен оброк не ќе ве чини поефтино од корите(околу 15 денари по особа -колку за геврек припремени од вас спрема првиот наједноставниот претходнонаведен рецепт).Најбрзи и најлесни се за готвење.Без никакви конзерванси, подобрувачи на вкус,без стврднувачи,бои и слични додатоци. Чисто природно, квалитетно и традиционално. Како што ги правеле вашите мајки, баби...Затоа повелете. Ве очекувам.
И, ви благодарам унапред на довербата во колку се одлучите да порачате домашни кори (јуфки). Ќе бидат доставени директно до вас,не преку продавници, маркети. Со порачка од мене како производител дирекно до вас како потрошувачи, ги добивате секогаш свежи.
Мојата понуда, на вас ке ви го олесни работниот ден.За ваше задоволство: На Здравје.


ЦЕНОВНИК

-500 денари за паковање од 3,4 кгр
-300 денари за паковање од 1,6 кгр
-50 денари за паковање од 400 грама,
-30 денари за паковање од 200 грама. (Паковањето од 400 грама го спремам независно од порачките а другите паковања ги припремам по конкретна порачка).

Во зимата повеќе се јадат кори  по навика и традиципнално,  ама, потешко се прават.НА ЗДРАВЈЕ....
19/11/2024

Во зимата повеќе се јадат кори по навика и традиципнално, ама, потешко се прават.
НА ЗДРАВЈЕ....

На здравје..
04/11/2024

На здравје..

Уште малку, дури е топло времето, за преку цела зима.На здравје....
03/11/2024

Уште малку, дури е топло времето, за преку цела зима.
На здравје....

Во зовриена и посолрна вода, за четворица ставете 400 гр. кори. Нека варат петнаесеттина минути со промешување неколку п...
25/09/2024

Во зовриена и посолрна вода, за четворица ставете 400 гр. кори. Нека варат петнаесеттина минути со промешување неколку пати да не се залепат на дното да загорат,процедете ги ако останала вишок вода ако останала малку ќе ја упијат, додека се топли ставете парче путер или маргарин, промешајте убаво додека се стопи парчето, оставете ги да се подизладат и толку
Сервирајте во чинија и јадете.
Ако додавате сирење, кечап, пармезан или нешто слично, нека биде што помалку да не се губи природниот вкус на корите кои, и без додатоци се совршени.
НА ЗДРАВЈЕ.....

На здравје,...
15/09/2024

На здравје,...

Домашните кори (јуфки)  LA PASTA TINA  ако ги имате при рака, нема да уживате само кога ке ги јадете, туку и кога ќе ги ...
02/09/2024

Домашните кори (јуфки) LA PASTA TINA ако ги имате при рака, нема да уживате само кога ке ги јадете, туку и кога ќе ги приготвувате бидејки, најлесно се готват.
Само ги спуштате во зовриена и посолена вода, два-три пати промешувате за петнаесеттина минути додека се варат,ако сте ставиле повеќе вода ги процедувате ако остане малку ја упиваат , додавате. една лажица путер или маргарин, го промешувате ,и, јадењето е готово за сервирање.
Можете да му додадете сирење,кечап,кашкавал но не морате.
Колку помалку додатоци, толку поприроден вкус ќе почуствувате при јадењето на корите.
НА ЗДРАВЈЕ....

(400 гр.кори=120 ден.=четири чинии кори),оброк за четворица

Големата,  САМО ПО ПОРАЧКА,               (075 367 754 околу  20,00 часот,), е  три кила и четиристотини грама и чини 10...
26/08/2024

Големата, САМО ПО ПОРАЧКА, (075 367 754 околу 20,00 часот,), е три кила и четиристотини грама и чини 1000 денари.

Малата, можете да ја купите од АНДРЕА ПРОМ,БАДО,ДРАНИ,СБ КОМЕРЦ, ,ОЛИВ ПРОМ и др.ако нарачаат, е, четиристотини грама и чини 120 . денари.

НА ЗДРАВЈЕ...

23/08/2024

На здравје...

22/08/2024

Едно паковање домашни кори од :
4 кгр =1200 денари,
3,400=1000 ден.
1,600=500 ден.
400 грама=120 денари

Од 400 ГРАМА можете да ги набавите во АНДРЕА ПРОМ (КАРПОШ И НАД ПОШТАТА КАЈ ГОРНОТО ВЕРО), БАДО(под Клиничка Болница),ДРАНИ(Под селската автобуска) СБ КОМЕРЦ (Стариот пазар на аголот) и по порачка на др.места .

И оваа година,
20/07/2024

И оваа година,

Ако корите ги чувате преку целата година НЕ ЈА ЧЕКАЈТЕ ЕСЕНТА.
Сега е правото време за вистински кори кои траат најдолго.
НА ЗДРАВЈЕ.....

01/01/2024

Среќна Нова Година и прекрасни семејни оброци приготвени од домашните кори-јуфки La pasta-tina.....

НА ЗДРАВЈЕ........

Ако корите ги чувате преку целата година,сега е правото време (топло) за вистински кори кои траат најдолго.НА ЗДРАВЈЕ......
13/09/2023

Ако корите ги чувате преку целата година,сега е правото време (топло) за вистински кори кои траат најдолго.
НА ЗДРАВЈЕ.....
НА ЗДРАВЈЕ.....

Address

Ulica Lavcanski Pat Broj 128
Bitol

Opening Hours

Monday 06:00 - 14:00
Tuesday 06:00 - 14:00
Wednesday 06:00 - 14:00
Thursday 06:00 - 14:00
Friday 06:00 - 14:00

Telephone

+38975367754

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when La Pasta Tina posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Restaurant

Send a message to La Pasta Tina:

Share