18/09/2026
Овој пост ќе биде наменет само за женскиот пол❤️
(Позитивна дискриминација)
Со голема возбуда ја најавуваме креативната работилница, настан, дешавка …
“Сликање и коктели во Капри” 💙💛💙💛💙
Нашиот организатор, уметник во душа, кувар, абе светски човек😀 со иницијали И.Б имаше голема желба да направи вакво нешто. Си зема задача да обезбеди платна за сликање и бои кои ќе ги добие секој пријавен.
Плус ќе пиеме коктели а може и да мезнеме нешто.
Темата ќе биде нормално Капри, Амалфи…лимони, потрокали, маслинки…
Пријавување задолжително, котизација симболична.
Денот е четврток старт 18:00 до 20:00
Пријавувањето може да почне😀
Шо ли ќе биде следно?