Вилата се наоѓа на самиот влез во ски центарот Заре Лазеревски. Нашите апартмани располагаат со сместувачки капацитет за поедницни, парови и за фамилии. Постои можност за закуп на целата вила за пригоди како: дочек на нова година, одржување на семинари и друго. Собите имаат сопствен тоалет, мини кујна, телевизор и одвоен систем за греење кој е активен во текот на сите 24 часа. Собите се наоѓаат на
првиот и вториот кат, имаат прекрасен поглед, а во приземјето се наоѓа нашиот клуб Stone cafe, топло и пријатно место за забава и дружење. Додека уживате во уникатниот староградски амбиент, освен пијалоци Stone cafe нуди и разни првокласни специјалитети. Пушењето е забрането во целиот објект.
До вилата се доаѓа по пристапен асфалтиран пат, кој редовно се чисти во зимските денови од страна на надлежните служби. Имаме обезбеден паркинг простор за нашите посетители. Непосредно до вилата, на оддалеченост од околу 50 метри се наоѓа Rent a ski центар, продавница за скијачка опрема, како и продавница за кондиторски производи.
Жичарницата која води кон ски терените се наоѓа на само 2 минути пешачење, а од ски терените во вилата се доаѓа со скијање. Посетителите својата ски опрема ја оставаат во посебен простор на влезот во вилата бидејки не е дозволено нејзино внесување во собите.
Во близина на вилата се наоѓаат повеќе хотели и ресторани, сите со вкусна храна, прекрасен амбиент и бесплатен интернет. Освен за скијање, околната инфраструктура располага со извонредни терени за пешачење и релаксација. Најинтересно е тоа што прекрасната природа, планините и езерото го прават Маврово атрактивна туристичка дестинација не само во зима, туку и преку целата година. Со сите свои убавини Маврово дефинитивно е место кое во живото мора барем еднаш да се посети.
Сите заинтересирани може да не контактираат секој ден од 09 до 19 часот на телефон +389 71 452224.